Изгледа дека во некои случаи, внуците на познатите наследуваат голем дел од харизмата на нивните славни предци.
Рајли Кеог е најстарата внука на легедната Елвис Присли. Таа има 25 години, а се занимава со глума и моделинг.
Дру Хемигвеј е внука на познатиот писател, Ернест Хемигвеј. Таа е модел и работи за некои од најпознатите модни брендови.
Туку Брандо е внук на Марлон Брандо. Не планира да стане актер, но работи како модел за Версаче.
Ема Кетлин Ферер е внука на актерката и модна икона Одри Хепберн. Има 20 години и работи како модел.
Уна Чаплин е внука на Чарли Чаплин. Глумела во 34 филма, но луѓето најмногу ја знаат по улогата на Талиса во серијата „Игра на престолот“.
Алисон Ле Боргес е внука на францускиот актер Ален Делон. Глумела во филмот „Синиот остров“ но главно работи како модел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.