Строги правила на најпознатата социјална мрежа.
„Фејсбук“ е познат како социјална мрежа што забранува порнографски содржини со цел да биде достапна и на најмладите, но и поради почит кон стотици компании што се рекламираат на неа.
Сепак, една корисничка на „Фејсбук“ останала зачудена кога нејзината фотографија со колегите била избришана, а таа примила предупредување што се однесуваше на кршење на условите на користење на социјалната мрежа врзани за порнографска содржина.
На прв поглед, не забележала ништо чудно, но тогаш пријател и ја испратил фотографијата со порака „Да ти кажам, стигна до мене сознание дека твојата рака изгледа како џиновски пенис!“.
Е сега како дошло до тоа? Очигледно е дека до илузијата дошло така што нејзините прамени од косата и позицијата на раката го создале овој несреќен ефект. Сепак, познато е дека „Фејсбук“ веќе подолго време не ги брише ваквите фотографии „рачно“, туку за тоа е задолжен алгоритам кој препознава одредени форми, како што се разголен задник и типичен облик на пенис.
Изгледа дека и алгоритамот може да згреши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.