Канческа-Милевска заблагодарувајќи им се на сите претставници од земјите-членки на Форумот на словенски култури за дадената доверба подвлече дека ова назначување е од голема важност, бидејќи ќе овозможи Република Македонија во периодот што претстои да даде уште поголем придонес во јакнењето на улогата на Форумот. Таа истакна дека функцијата-претседател на Управниот одбор е особена чест, но таа истовремено е сериозен предизвик за збогатување на програмските содржини и споведување на иницијативите на сите држави-членки, со цел активна и успешна промоција на словенските култури.
Во рамките на состанокот на Форумот на словенски култури, Канческа-Милевска денеска имаше и свое обраќање на темата „Словенски интерфејс – информатички технологии и мобилност на културната политика во словенскиот свет”. Во своето обраќање, таа ја истакна работата на Форумот кој ги промовира и афирмира особеностите на словенските култури, обезбедува фрекфентна комуникација на словенската и другите култури но, и го регулира неприкосновеното право на сопствена култура. Канческа-Милевска изрази голема благодарност до директорката на ова меѓународно тело, Андреа Рихтер, за која нагласи дека со својата посветена работа, во изминатите години го позиционираше Форумот на листата на влијателни меѓународни инстанци кои ја поттикнуваат соработката и резултираат со низа на квалитетни проекти.
По завршувањето на пленарната сесија на Форумот на словенски култури, министрите за култура на државите во кои словенските јазици се официјални – Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина, го усвоија и го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на културата и за стимулација на соработката со европските и со другите меѓународни организации.
Во рамките на Форумот на словенски култура Република Македонија, меѓу другото, партиципира во долгорочниот проект „100 словенски романи“, кој овозможува преводи на јазиците на словенските земји на најреномирани автори и писатели. Исто така, нашата земја ќе биде дел и од заедничката изложба на државните архиви на словенските држави насловена „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал“, која по повод одбележувањето на 1150 години од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј ќе биде претставена во седиштето на УНЕСКО.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во текот на вчерашниот ден, во рамките на состанокот на Советот за министри за култура на ЈИЕ оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со министерот за култура на Словенија, Урош Грилц и со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, со која уште еднаш беа реафимирани добрите односи и континуитетот во поддршката која оваа организација ја дава за нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст