Навиките на луѓето од нашите краишта се, навистина, посебни. Можеби токму тие се причините што сите се одушевуваат кога ќе дојдат на Балкан. Ние сме свет за себе.
Балканците имаат многу карактеристики поради кои се разликуваат од сите
1.Сте ја делеле детската соба се додека не сте навршиле 27 години
2.Сè што јадете е зачинето со кромид и со лук
3.Кога патувате ги имате најголемите куфери
4.На забавите, обично, доцните еден или два часа и мислите дека тоа е нормално
5.Децата имаат прекари што не се ниту слични со нивните имиња
6.Кога излегувате од нечија куќа, останувате пред врата и зборувате уште еден час
7.Мајка ви и баба ви кажуваат дека треба да се здебелите иако имате 20 килограми вишок
8.Куќата ви е полна со лекови што се стари и со истечен рок
9.Правите забави кога родителите ќе ви отидат на одмор, а соседите викаат полиција
10.Имате стара искината крпа во кујна
11.Користите кеси од продавница за ѓубре
12.Вашиот татко барем еднаш ви удрил „заушка“
13.Не се придружувате никогаш до рецептите
14.Кога се собираат дома роднините секогаш гласно се зборува за црната овца во семејството
15.Ако не живеете со родителите тие, сепак, ви се јавуваат и среде ноќ за да ве прашаат дали сте јаделе
16.Нормална работа е на вашата свадба да дојдат и роднини што никогаш не сте ги виделе во животот
18.Вашата сестра, која има 16 години, може да испие повеќе од кој било Американец
19.Ги имате сите модерни апарати, ама мајка ви прави ручек на стар шпорет
20.Барем еднаш некој ви ја претскажал иднината гледајќи ви во кафе
21.Ги криете цигарите и велите дека запалката е на ваш другар што ги лаже родителите дека не пуши
22.Најголема релаксација е озборување и фаќање сеир
23.Интернетот е ништо во споредба со тоа што можете да го дознаете од сосетката, која располага со повеќе информации од ЦИА
24.Имате барем една личност во опкружувањето што знае сè и се разбира ама баш во сè и е најдобра во тоа
25.Баба ви секогаш ви купува два броја поголеми работи за да може да ги носите и другата година
26.Секоја депресија се лекува со добра чашка ракија и фаќање сеир на другите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Науката потврди: Пет навики кои можат да ви го продолжат животот
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!









