Група емигранти, најголем број од Пакистан, Бангладеш и од Иран, како и од неколку други држави, кои ноќта ја поминале во прифатниот пункт во Табановце, велат дека српската гранична полиција ги вратила од границата, јави дописникот на МИА од Куманово.
За разлика од емигрантите од овие земји, бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, непречено заминуваат кон Србија. Околу пладне, најголем број од нив на прифатниот пункт во Табановце пристигнаа со такси-возила од Гевгелија.
Екипите на УНХЦР, Црвен крст и други невладини организации на овие лица им поделиле храна, хигиенски производи и ќебиња.
– Ние сме на терен, остануваме да ја следиме ситуацијата, да им помагаме на бегалците со сите наши капацитети. Како ќе се одвива ситуацијата, засега не можам да кажам – изјави Љубинка Брашнарска, виш асистент за односи со јавност од УНХЦР.
Сања Росевска од Црвен Крст на Македонија изјави дека како и претходно и во оваа новонастаната ситуација, Црвениот Крст продолжува со поделба на храна, ќебиња, бебешки пакети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



