| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија уапсени 30 припадници на наркобанда

албан

Албанската полиција разби наркомрежа во Тирана при што уапси 30 луѓе додека петмина се во бегство.

Полицијата соопшти дека по шестмесечна истрага ги уапсила организаторите, координаторите и дистрибутери на тешки наркотици, кои во изминатите две години продале дрога во вредност од 900 илјади евра.

Во акцијата се запленети еден килограм хероин, кокаин, пиштоли, муниција, автомобил и мобилни телефони. Во изминатите две години албанската полиција уништи 1,3 стабла канабис и повеќе од 100 тони марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top