Зборот Исис во последниот период е синоним за терор и страв. Токму поради тоа на девојката по име Исис Анчали, Фејсбук и го деактивирал профилот, иако тоа е нејзиното вистинско име.
– Фејсбук мисли дека сум терорист. Очигледно дека тоа што им пратив копија од мојот пасош не беше доволно повторно да ми ја активираат сметката – напишала оваа компјутерска инженерка од Сан Франциско на Твитер во понеделникот.
Исис вели дека се сомнева дека нејзиниот налог на Фејсбук е суспендиран поради поврзувањето на нејзиното име со Исламската држава.
Исис Анчели не сакала туку така да се откаже, па кога од Фејсбук не реагирале откако ја примиле фотокопијата од нејзиниот пасош, продолжила да им праќа пораки и понатаму. На крајот сфатиле дека ја зборува вистинската, па нејзиниот профил на Фејсбук во меѓувреме повторно е активиран.
Фејсбук веќе извесно време има правило според кое на него можете да пријавите само под вистинско име, што предизвика бројни дебати. Кога во Фејсбук ќе се посомневаат дека некој профил не го носи името на вистинската личност, го блокираат и бараат некој од личните документи кој потврдува дека тоа е вистинското име на личноста која го користи налогот.
Во некои случаи се суспендирани и оние кои на Фејсбук го користеле своето вистинско име, но на администраторот тоа му било сомнително. На оние коишто не докажуваат дека тоа им е вистинското име Фејсбук трајно им ги блокирал профилите. Таа социјална мрежа неодамна вети дека ќе го ублажи правилото за користење на вистинското име, најавувајќи дополнителни опции кои ќе ја подобрат верификацијата на името.
Вработениот во Фејсбук, Омид Фаривар, на Твитер и одговорил на Исис и и се извинил заради таквата ситуација, истакнувајќи дека Фејсбук ќе ја исправи својата грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.