Четири тима во следниот период ќе ја поминат Македонија, во градовите и селата, најави денеска премиерот Никола Груевски
– Нашите тимови ќе бидат и на штандовите, по улиците, пред продавниците, на терените, на нивите, во фабриките, секаде каде што може да се чуе добра идеја – изјави денеска премиерот.
Груевски денеска ја презентираше новата кампања за прибирање идеи од граѓани за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа партијата започнува со трибини на кои ќе го образложува својот концепт и ќе добива идеи од сите граѓани.
– Четири тима составени од луѓе од раководството на партијата и доста нови кадри кои имаат капацитет, свежина, знаење, вештини, имаат дипломи од домашните и искуства од врвните универзитети во странство, но пред се имаат љубов кон Татковината, ќе бидат задолжени вашата идеја да ја преточат во дело. Наш домашен кадар, кадар од нашата татковина, но исто така и доста странски експерти и нашинци кои живеат во моментов во странство ќе работат на програмата, а најголем дел од нив и ќе одат по трибините и средбите со граѓаните да ги слушнат нивните идеи, да дискутираат со нив, во еден дел и да се обидат да решат некои од проблемите и на лице место, како што тоа многу пати досега сме го правеле – изјави Груевски.
Тој нагласи дека ова е нивниот концепт – со народот и со експерти ќе ја пишуваат програмата и во неа ќе има реални и конкретни проекти мерки и чекори кои ќе го подобрат животот значително. Груевски очекува оваа програма во споредба со сите претходни да биде најсеопфатна и еден нов револуционерен исчекор во политичкиот дискурс во Македонија.
– Тоа ќе е нашиот нов успех кој ќе донесе нови квалитети и нова вредност. Придвижување напред, силно и моќно. Решително – нагласи премиерот.
Тој ги повика сите граѓани да бидат дел од новиот програмски документ и со нивните идеи да придонесат за општото добро.
– За секого има место, за секого имаме време, од секого очекуваме многу, и очекуваме нова вредност, нова дополнителна вредност која силно ќе го осветли нашиот заеднички ден. Имајте верба во себе, бидејќи ние имаме верба во вас. Предложете идеја која ќе помогне на вашиот град, село, на вашата општестевeнa група, на вашето семејство, или на вас самите. На вашиот пријател, дедо, баба, роднина, родител, дете, комшија, сограѓанин. Ние ветуваме дека на секој збор од вашите идеи ќе пристапиме темелно, во добар дух и со аспирација да ја реализираме идејата. Не ветуваме дека се ќе може да реализираме, тоа никогаш го немаме ветено, затоа што имаме свест дека не е можно се, веднаш и сега, но доколу и најмалку е можно ние тоа ќе го направиме. Ние не сакаме да бидеме неискрени со вас, затоа што знаеме дека токму таа наша доблест да не трчаме за ситен поен, а притоа да покажем неискреност е нашиот најсилен адут за вашата доверба – изјави Груевски.
Груевки ги охрабрува сите да предлагаат, да создаваат, да бидат креативни.
-Ништо не е невозможно, постојат патишта кои водат до се, се вели дека доколку искажеме доволно волја, секогаш би требало да имаме и доволно средства. Ние реално ќе ви одговориме. Твојата идеја може многу да промени. Вистина е дека најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе. Како што Ганди велеше Бидете промента која сакате да ја видите. Во минатиов период направивме доста, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, со нас сте на сигурно – вели премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст