| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е црногорскиот државјанин што е уапсен во Париз: Владан Вучелиќ возел оружје

Во средиштето на гужвата по повод нападите во Париз се најде и семејството Вучелиќ од Подгорица, од сиромашната населба Коник, по објавувањето на информацијата дека нивниот Владан (51) е уапсен на автопатот Салцбург-Минхен во Германија, а тамошната полиција во бункерот од автомобилот пронашла арсенал оружје и експлозив и тоа само девет дена пред терористичкиот напад на Париз.

Владан Вучелиќ во германија е запрен на 5 ноемрви во текот на рутинска контрола, а на навигацискиот систем на автомобилот како крајна дестинација беше назначен јавен паркинг во Париз. Полицијата во возилото пронашла револвер, два „калашникови“, две рачни бомби, осигурачи, детонатори и двеста грама експлозив. Во автомобилот се пронајдени и неколку француски телефонски картички и неколку адреси во Париз.

Роднините во Црна Гора се вознемирени и ги отфрлаат сите приказни за вмешаност на Владан во терористичката акција која го шокираше светот. Станува збор за човек кој живееше скромно и главно од физичка работа го заработуваше лебот во „Плантажа“, но и во други компании во Подгорица и на други места. Неговиот брат Жељко е полн со горчина. Тој смета дека Владан е невин и дека е сигурен дека неговиот брат не знаел што има во автомобилот. Последен пат го видел на 31 октомври кога со ништо не најавил дека заминува на пат.

– Долго не ми се јавуваше. Го барав на мобилниот телефон, но беше исклучен. Тогаш мојата братучетка ми соопшти дека нејзе ѝ се доверил дека нема да биде во Црна Гора сѐ до 8 ноември. Меѓутоа, ова не беше негово „исчезнување“, бидејќи како неженет маж имал доста време за слободен живот, вели Жељко.

Нивната мајка на 11 ноември му кажала дека некои луѓе во Пипери го бараат Владан.

– Дојдоа од рент-а -кар агенција и ни рекоа дека изнајмил автомобил и дека требал да го врати пред два дена покажувајќи ни документи со неговото име, број на лична карта, потпис, уплата од 211 евра за седум дена. Ни тогаш не сметав дека треба да повикам полиција, ако тоа веќе го направила агенцијата, вели Жељко Вучелиќ.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман за тамошните медиуми изјави дека во тек е испрашување дали и на кој начин Вучелиќ бил во контакт со терористите.

-Ако некој транспортира „калашникови“, експлозив, рачни бомби, постои сомнение. Во секој случај, толкава количина оружје укажува на терористички намери, било директни или индиректни, само во вид на снабдување на терористите со оружје. Врз основа на собраните податоци, крајната дестинација на уапсениот била Париз – соопшти Херман.

Полиција

Управата на полицијата на Црна Гора соопшти дека личноста уапсена во Германија со автомобил полн со оружје за кого медиумите пренесоа дека е поврзан со терористичките напади во Париз е од православна вероисповед и дека нема никаква врска со тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top