Брзиот начин на живот и модерното секојдневие направија родителите да имаат многу помалку слободно време да се дружат со своите деца, заедно да спортуваат и да се забавуваат. Денешните деца своето слободно време од денот го поминуваат на компјутерите и своите паметни телефони, а родителите се обидуваат на секаков можен начин преку насмевка и игра да им го разубават викендот и да им ги „влеат во крвта“ спортувањето и забавата на своите најмили. Токму забавата, дружењето, арт и крафт работилниците, спортските активности, пеењето, танцувањето, наградите, заедничките игри помеѓу децата и родителите, како и големите неверојатни попусти во продавниците, ќе бидат во фокусот овој викенд, од петок до недела (20-ти до 22-ри ноември), во Skopje City Mall, каде ќе се’ одржи 6-от по ред Саем за Деца и Родители.
Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година нуди многу новитети кои го прават нашиот најголем мол омилена дестинација за децата и родителите овој викенд.
Сите посетители од 18:00 часот во петок, па се до 18:30 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку Art & Craft центарот, каде децата ќе бидат во улога на мали конструктори и ќе имаат шанса да креираат и преку забава да научат за вселената, градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. На музичката и денс сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса од прва рака да се запознаат со Едукативната патека од Маврово која овој викенд е преселена во Skopje City Mall и истата организира голема наградна игра за секој посетител. Музичките и танцовите шоуа секогаш се вистинско уживање за децата кои ќе можат овојпат да проследат настапи на неколку училишта за музика и танц, а планирани се и гостувања на познати музички ѕвезди кои засега се кријат во тајност. Омилените детски ликови, Маша и Медо, заедно со својата Весела училница ќе бидат вистински хит, додека семејните натпревари за деца и родители како штафета, игра за најпрецизните, погоди го „твоето дете“ и многу други гарантираат дека Skopje City Mall ќe биде омилената дестинација за сите родители и деца овој викенд. За време на Саемот за Деца и Родители ќе биде присутна и Мече Болница, меѓународен проект од едукативен карактер, создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.
Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст