| четврток, 6 декември 2018 |

Симпозиум: „Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југоисточна Европа”

Од 19 до 21 ноември, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, во соработка со УНЕСКО и со поддршка на весникот „Нова Македонија“, „Кинотеката на Македонија“ и Град Скопје, го организира симпозиумот на тема:„“Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југоисточна Европа“.
На симпозиумот ќе учествуваат филмски авторки, активисти за женски права, социолози и останати стручњаци кои активно рабoтат на ова прашање. Во состав на настанот ќе се организира проекција на документарни филмови, а целиот настан ќе биде документиран од страна на посебна филмска екипа, која на крајот ќе произведе документарен филм.
Текстовите од учесниците на симпозиумот ќе бидат објавени во заедничка публикација, која ќе биде промовирана во март 2016 година.
Програма:19 Ноември 2015, Кинотека на Македонија
18.00 – Отворање на конференцијата
18.30 – Проекција на документарниот филм
“Цената на сексот“, реж. Мими Чакарова, Бугарија
19.30 – Коктел

20 Ноември, Универзитет за аудиовизуелни уметности
11.00 – Симпозиум: „Женските права низ призмата на
аудиовизуелните уметности во Југоисточна Европа“
14.00 – Пауза
16.00 – Работилница со Весна Дамчевска (новинар во Нова Македонија):
„Од собата до Холивуд – Сликата на жената уметник
во биографскиот филм“
18.00 – Проекција на документарен филм (Кинотека на Македонија)
„Кисмет“, реж. Нина Мариа Паскалиду

21 Ноември, Универзитет за аудиовизуелни уметности
11.00 – Симпозиум: „Женските права низ призмата на
аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа“
14.00 – Пауза
16.00 – Работилница со Марија Џиџева (филмски режисер):
„Женското филмско писмо во Југоисточна Европа“
18.00 – Проекција на документарен филм (Кинотека на Македонија)
„Барајќи си ја среќата“, реж. Марија Џиџева

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top