Полициската акција против терористите во Сен Дени заврши, соопшти портпаролот на француската Влада Стефан ле Фол. Полицијата го извлече последниот осомничен од зградата, кој во моментот беше полугол и без долна облека на себе.
Како што јави дописникот на „МИА“ од Париз, изјавата на Фол уследи по завршувањето на седницата на Владата со учество на претседателот на Франција, Франсоа Оланд во Елисејската палата.
Тој не даде повеќе детали за операцијата, велејќи дека тоа ќе го стори министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев.
Според информациите со кои се располага досега, но офицјално не се потврдени, во акцијата се убиени двајца терористи, седум други се уапсени, а пет припадници на силите на редот се полесно повредени. Во акцијата е убиено и едно полициско куче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)