Кога ги поддржал нападите врз „Шарли ебдо“ во јануари, неговата наставничка Сара Стацино била многу загрижена.
Бомбашот самоубиец Билал Хадиф (20), еден од тројцата кои се разнесоа пред стадионот во Париз, објавувал свои фотографии со оружје на „Фејсбук“, со коктел во рацете и со банкноти околу него.
Хадиф е осомничен дека отпатувал во Сирија за да се бори за „Исламската држава“, каде бил познат како „Абу Муџахид Ал – Белгики“ и „Билал Ал Моухајир“ тврди Гај ван Билерден, белгиски експерт за тероризам.
Земјата ја напуштил само недела дена по нападот на „Шарли ебдо“. Една година подоцна, на интернет објавил фотографија со „калашников“. Неговиот профил на една социјална мрежа е архивиран, а содржи објави од 2013 година помеѓу кои и една на која пишува „Еб* ја полицијата“.
Последнава година во училиштето почнал да се интересира за политика. Престанал да слуша музика зборувајќи дека тоа е забрането, а гласно ја поддржувал нигериската исламистичка група „Боко Харем“.
Кога ги поддржал нападите на „Шарл ебдо“ во јануари, неговата наставничка Сара Стацино станала многу загрижена: „Кажа дека тоа што се случило е сосема во ред бидејќи магазинот ја навредил неговата религија“ изјавила таа за белгиското „Радио Уан“.
Сепак, нејзиниот обид да ги предупреди другите не наидоа на разбирање, а само недела дена подоцна ја напуштил земјата и се приклучил на ИСИС.
Хадиф, Французин со мароканаско потекло кој живеел во Белгија, беше еден од тројцата бомбаши кои се обидоа да влезат на „Стадион де Франс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.