| четврток, 6 декември 2018 |

Помош за Александар, потребни се 60.000 евра за хемотерапија

Семејството Калајџиеви од Радовиш за само неколку дена успеале да соберат 47.500 евра, пари потребни за операција на нивниот 14-годишен внук. Продале се што имаат вредно, се позајмиле од блиски пријатели и роднини и ги уплатиле парите во офтамолошка клиника во Истамбул.

Во саботата нивниот внук Александар бил опериран му бил отстранет туморот од левото око и синусите.

Баба му и дедо му раскажуваа како од симптоми на инфинкција на око по неколку дена на една од приватните клиники му бил дијагностициран туморот.

Сега веќе в четврток ќе мора да уплатат нови 60 илјади евра со што би се отпочнала хемотерапијата. Очајни дека не можат да соберат толку голема сума на пари упатија молба до сите хумани граѓани да помогнат ­малиот Алекандар да продолжи со безгрижните детски денови и својот омилен спорт фудбалот.

Дијагнозата на Александар е само една од вкупно 1.200 регистрирани на светско ниво која е енормно прогресивна и бараат итен третман. Поради итноста на зафатот семејството не поднеле барање во ФЗОМ со што ќе им се рефондираат средствата, лекарите од приватната клиника ги испаничиле им рекле веднаш да заминат за Турција.

Сега единствената надеж за Александар е да се соберат пари за хемотерапија за негово поскорешно оздравување и враќање во Македонија.

Халк Банк

Николчо Калајџиев

270­7000375895­83

070 143 108

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top