| четврток, 6 декември 2018 |

Храна богата со пробиотици е одлична за имунитетот

Пробиотиците се корисни бактерии кои ја одржуваат рамнотежата на микрофлората на органите за варење и се корисни за човечкиот организам. Здравјето на дигестивниот систем зависи и од рамнотежата на цревната микрофлора која може да ја нарушат болестите, стресот, антибиотиците и другите лекарства.

Се препорачува консумација на млечните производи кои содржат живи активи пробиотички култури. Сите видови на пробиотик јогурти и ацидофилни млека содржат  бактерии кои имаат благотворно делување на пробавниот систем, а некои видови на сирење како што е свежото сирење и полу тврди сирења како што е гауда и чедера исто така содржат пробиотици.

Ферментирани намирници како што е киселата зелка и киселите краставици содржат здрави пробиотички бактерии и квасец. Консумирајте кисели краставици кои не содржат оцет.

Кај киселото тесто за ферментација се користи пробиотик Lactobacillus. Значи киселиот леб во комбинација со сирење кое исто така содржи големо количество на пробиотици преставува ефикасна заштита на Вашиот организам.

Се советува консумација на намирници од традиционалната Азиска кујна како што е кисел ѓумбир и кимачи кои исто како и останатата ферментирана корејска храна е богата со пробиотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top