| четврток, 6 декември 2018 |

Со вино и гурманлук – парижани му пркосат на тероризмот

Вчеравечер парижани излегоа по кафаните и рестораните и како што најдобро знаат, со јадење и добра храна му пркосеа на терористите од Исламска држава.

Организацијата почна под мотото „Јас сум на тераса“ (Je suis en terrasse) и имаше за цел да му се покаже на светот дека стравот нема да ги парализира и дека таа битка терористите нема да ја добијата.

Дел од преживеаните од терористичките напади во петокот, веќе следната вечер излегоа во бар, како што кажа еден од нив, да му се радуваат на животот и да не им помогнат на терористите во нивната цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top