| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимуси почнаа „Операција ИСИС“, откриваат информации за сомнителни лица

anonymousparisАнонимуси објавија дека денеска хакирала 5.500 профили на Твитер кои и припаѓале на Исламската држава. Анонимуси и објавија војна на оваа терористичка група по нападите во Париз.

-Нашата способност да ја собориме ИСИС е директен резултат на податоците на нашите хакери, нинери и шпиони кои ги имаме низ цел свет.Имаме луѓе кои се многу блиски на ИСИС на теренот-соопшти портпаролот на Анонимуси Алкес Паучер.

Како што додаде, хакерската група изградила инструменти кои би можеле да бидат подобри отколку средствата на било која влада во онлајн борбата против Исламската држава.

Свесен дека ИСИС има свои хакери, Паучер изрази уверување деја џихадистичката група нема хакери какви што имаат Анонимуси.

Тој додаде дека Анонимуси нема да седат на страна и да набљудуваат како се изведуваат терористички напади по целиот свет.

Анонимуси вчера објавија видео снимка во која најавуваат почеток на најголемата операција досега против ИСИС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top