| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни мерења на дишната функција во Сити мол

pluca pusenje zdravjeПо повод Светскиот ден за хроничната опструктивна белодробна болест – ХОББ 2015 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје утре организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција. Прегледите ќе се извршат во период од 10 до 13 часот во Сити мол.

– Со овој настан сакаме да се испрати  порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.  Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top