| четврток, 6 декември 2018 |

Јане Петровски потпиша за Фени индустри

Rabotnicki-Skendija-3

Искусниот плејмејкер на Работнички и поранешен репрезентативец на Македонија, Јане Петровски кариерата ќе ја продолжи во поранешниот шампион на нашата земја, Фени индустри.
Тој се договорил со управата на клубот од Кавадарци да ги носи боите на овој клуб до крајот на сезоната.
Раководството на Фени веќе извесно време беше во потрага по плејмејкер, а изборот на тренерот Малинков падна врз искусниот Петровски. Тој доаѓа во Кавадарци од редовите на Работнички, каде имаше отворен договор да игра се додека не добие подобра финансиска понуда.

– Денеска потпишав договор со Фени Индустри. И благодарам на управата на клубот и тренерот Малинков за укажаната доверба. Преговорите траеја кратко и брзо со договориме за соработка до крајот на сезоната. Имав отворен договор со Работнички и можност да се преселам во нов клуб веднаш штом најдам подобра финансиска понуда. Веќе од утре се селам во Кавадарци и ќе се приклучам на новите соиграчи од клубот – изјави Јане Петровски за Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top