Познатата пејачка Лепа Брена раскажала по цели 30 години како нејзиниот колега Мирослав Илиќ во Америка се вљубил во Мира Антонијевиќ со која го добил и синот Девин но никогаш не го признал. Фолк дивата седела токму со нив кога за прв пат пробала артичоки, но и гледала како оваа двојка разменува нежности.
-Беше 1984 година кога Мирослав Илиќ и јас бевме на турнеја. Имавме концерт во Њујорк кога Мирослав славно и неславно се вљуби во Мира Антонијевиќ. Мирослав и јас го завршивме концертот и заминавме во еден ексклузивен ресторан. Тогаш го отворив менито и кажав: „Јас сега направив нешто во својот живот, дај конечно да пробам нешто што во живот не сум јадела“. Тие двајца цело време се бакнуваа и си шепотеа додека јас размислував што да нарачам. И се решив за артичоки – раскажува пејачката и додава: И ми носат една топка и некаков сок. Видов дека тоа се некакви ливчиња и ги ставив во сосот мислејќи дека треба да ги соџвакам и голтнам. Жвакам, а нешто тегаво ми е во устата, а ми беше срам да ги прашам нив. Рака на срце тие постојано се бакнуваа така што и да сакав не можев да ги прашам. Решив да почекам Мирослав и Мира да земат воздух па да ги прашам да пробаат од мојата нарачка. Дојдоа тие така некако до воздух и тогаш Мира скина едно ливче го полеа со сосот кој потоа го ишмука – раскажала Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.