| четврток, 6 декември 2018 |

ИД им одговори на „Анонимуси“: Вие сте идиоти

Исламската држава реагираше на заканите од „Анонимуси“, кои ѝ најавија целосна војна на џихадистичката организација. Милитантите ги нарекоа „Анонимусите“ идиоти и на своите следбеници им понудија совети како да ги спречат кибернетските напади.

Исламистите ги предупредија своите следбеници да не ги отвораат линковите за чиешто потекло не се сигурни, Ги советуваа и често да ги менуваат ИП адресите и да не комуницираат директно преку „Твитер“ и „Телеграм“.

Хакерската група ѝ објави војна на Исламската држава и вети дека ќе го улови секој приврзаник на џихадот на интернет. На ваков чекор се решиле по нападот во Париз каде што загинаа 132 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top