| четврток, 6 декември 2018 |

Избрана Анкетната комисија за прислушувањата

sobranieПратениците на пленарна седница ја изгласаат одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкувањето. Синоќа одлуката доби зелено светло на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Анкетната комисија има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ,  четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

За претседател на анкетната комисија беше предложен Петре Шилегов, а за заменик претседател Горан Мисовски. За членови на комисијата беа наведени Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

Анкетната комисија се формира во согласност со Договорот од Пржино за намдинување на политичката криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top