| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ првпат ја активираше клаузулата за солидарност кон земја – ­членка, која е цел на напад

Европската унија, по барање на Франција денеска прв пат го активираше членот од Договорот за ЕУ, кој се однесува на заедничката заштита, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Paris attacks aftermath - Border control

 

ЕУ всушност ја активираше клаузулата за солидарност со земја­членка, која е цел на напад. ­

– Ова е пред се политички акт, изјави францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан.

Активирањето на членот 42.7 од Договорот за ЕУ се однесува на случаите кога држава­членка станала цел на вооружен напад. Предвидено е во такви случаи останатите држави од Унијата да пружат помош со сите можни средства, кои им се на располагање.

Соработката во таа насока се извршува преку НАТО, а преземените активности треба да се усогласат со Обединетите нации. Според клаузулата за солидарност државите­членки дејствуваат заедно во случај на терористички напад или при несреќи, предизвикани од човечки фактор.

Предвидено е ЕУ да ги мобилизира сите средства, вклучувајќи ги и воените, за да ги спречи терористичките напади, да ги сочува демократските институции, за ги поддржи властите на државата, која е жртва на напад, доколку тоа го побараат тие власти. ­

– Оваа одлука е донесена денеска едногласно на седницата на Советот на ЕУ за одбрана, рече Могерини и додаде дека претстои Франција да ја презицира помошта од која има потреба и да ја договори таа помош со одредени држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top