| четврток, 6 декември 2018 |

Катастрофален земјотрес во Иран – 40 загинати, повеќе од 850 повредени

Најмалку 40 луѓе загинаа, а повеќе од 850 се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер што го погоди југозападниот дел на Иран. Спасувачки екипи се уште работат на пронаоѓање на затрупани под урнатините.

Серијата потреси биле регистрирани во близина на нуклеарната централа Бушер која според иранските власти не била оштетена. Сепак, срамнети со земја се градот Каки во кој бил епицентарот на земјотресот и уште две села.

Првиот и најсилен удар бил на длабочина од 10 километри кај градот Каки, а се почувствувал и во Дубаи и Абу Даби. Потоа следувале дваесетина помали потреси, од кои 12 биле со јачина од 4 степени, а еден од дури 5,4 степени по Рихтер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top