Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат монографијата „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски. На повеќе од 400 страници се публикуваат најзначајните и најкаректиристични симболи на македонскиот народ низ вековите. Во предговорот кон ова дело од капитално значење за хералдиката, светски познатиот научник и специјалист за оваа проблематика проф. Мишел Попоф вели дека симболите на колективното живеење имаат посебно место, особено кога станува збор за идентификацијата и за идентитетот на една нација. Централно место заземаат државните симболи како средство за идентификација со историјата, културата, вредностите и со надежите на една земја… Сега и Македонија со ова дело се приклучува кон европските народи, кои одамна имаат објавено публикации за своите симболи, особено за грбот и знамето.
Со монографскиот зафат „Симболите на Македонија“Јован Јоновски прави сериозен исчекор во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија и на најдостоен начин го продолжува пионерскиот зафат на акад. Александар Матковски, остварен во втората половина на минатиот век. Делото е напишано со научно – популарен стил и е поткрепено со илустративен материјал што го прави пристапно и исклучително интересно четиво. Монографијата е веќе во продажба во книжарниците на „Матица македонска“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.