Сајмон Ковел не се гордее со фактот дека ја украл жената на својот најдобар пријател и таа останала бремена од него. Поради тоа тој мора да оди со наведната глава, изјави во интервју за „Сандеј ивент“.
Сајмон и Лорен почнале да се забавуваат уште во 2009 година, додека таа била во брак со милијардерот Ендрју Силверман. Откако се дозна за нивната афера животот на Ковел се променил, а во 2013 го добија и синот Ерик. Сајмон изјави дека тоа не е нешто што го планирале, но кога го видел детето на ултразвук во него нешто се променило.
– Нешто ме погоди. Се почувствував неверојатно заштитнички кон нив. Претходно не го познавав тоа чувство, изјави Ковел. Иако не менува пелени и не приготвува млеко, Сајмон вели дека татковството го променило до непрепознатливост.
– Го обожувам својот син. Се смееме еден на друг. Си играме со кучиња. Го научив да споделува, да рече молам и благодарам. Се што има тој ми нуди, вели гордиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.