Неколку дена по „Скопски фестивал“ сѐ уште се коментираат настапите и изведувачите. Меѓу оние најозборуваните, повторно е оригиналната Сара Мејси и позитивните коментари од јавноста и музичките експерти за песната „Градина од цреши“, која се најде на третото место.
Мејс влезе и во историјата на нашиот најпознат музички фестивал на забавна музика како првиот изведувач којшто истовремено пееше и свиреше на харфа.
По 8.000 прегледи на аматерското видео поставено на „Фејсбук“ непосредно по настапот, денеска на „Јутјуб“ е пуштено и видео во HD резолуција, за сите оние кои сакаат да ја слушнат песната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.