Излезе најновиот број на е-магазинот „Македонска ризница“. Квалитени текстови кои со сигурност ќе го задржат вашето внимание.
Jубилејниот, четириесетти број на електронското списание „Македонска ризница“ е пред читателите. Четириесет месеци неколкумина Македонци, неуморно, вам, на нашите ценети читатели по електронски пат ви донесуваме дел од нашата историја, култура, уметност, фолклор и сè она што во минатото и во сегашноста нѐ правело и нѐ прави Македонци.
Нашата мисија е јасна. Сè надеваме дека како и досега, така и во иднина ќе успеваме да го побудиме и задржиме вашето внимание за нашите содржини. Во оваа пригода би сакале од името на целата редакција на „Македонска ризница“ да им се заблагодариме на сите што во овие изминати три и пол години во соработка со нас ги објавуваа своите содржини на страниците на нашето електронско списание.
Во јубилејниов број ви донесуваме напис и поезија од Викторија Петровска, вдахновена од македонската поетска легенда Кочо Рацин. Македонскиот револуционер Даме Груев оживува преку илустрацијата на Игор Јовчевски. Во превод на македонски ви ја пренесуваме остроумната и позитивна рецензија на Иван Вељковиќ за работата на неколку македонски стрип-автори. Нашиот уредник Благојче Андонов направи интервју со Марина Христова, Македонка што живее во Австралија. Ви донесуваме и неколку афоризми од скокотливото перо на „Стиховен Калибар“, како и Топ десет листа на нашиот пијанист Крсте Бадаровски, што живее и твори во Чешка. Нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски во овој број нѐ чести со карикатура на Петар Дамов Христов-Германчето. Ви донесуваме и напис од оставината на академикот Анте Поповски, и нова епизода од стрипот „Светот на Бромо“ на Владо Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.