| четврток, 6 декември 2018 |

Дигестивна хирургија продолжува со работа

Клиниката за дигестивна хирургија од денеска треба да продолжи со работа. Лекарите и медицинскиот персонал во изминативе неколку дена штрајкуваа, откако пациент со пиштол нападна и повреди хирург.
Тие оперираа само итни случаи.
Лекарите тврдеа дека во инцидентот, освен кон колегата,  било пукано во нивната професија и во нивното достоинство и дека не се чувствуваат безбедни на своите работни места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top