| четврток, 6 декември 2018 |

Симултанка и мултилевел проширување – Балканот и новата стратегија на ЕУ

eu_vo_brisel_201592393822-18389

Балканот и новата стратегија на ЕУ Во низата големи разочарувања, како од домашната така и од меѓунардона политичка сцена, македонските граѓани се сведоци на една состојба која што има потенцијал да ја врати надежта дека приказната за „Pax Еuropeana“ сепак е реална и дека и ние сеуште можеме да бидеме дел од неа. Улогата на ЕУ во надминувањето на последната криза во Македонија која што практично никогаш не запрела а почна пред 25 години, е добар сигнал дека унијата конечно планира самата да ги решава балканските проблеми но не како набљудувач на настани надво од неа туку како внатрешно политичко прашање на Европа.

Пишува Горан Момироски

Причините за потреба од нов пристап или нова стратегија на Брисел кон Македонија и другите земји на Западниот Балкан не можат да се ограничат само на потенцијалните опасности од „замрзнатите конфликти“ во Косово, Република Српска или на спорот Грција – Македонија. Новиот почеток не е потребен ниту само поради огромниот бран бегалци кој што преку Балканот доаѓа во ЕУ ниту поради јасната присутност на јатаци на милитантни исламски структури или на таканаречени „спијачи“ со европски изглед кои во даден момент можат да предизвикаат хаос во Лондон, Берлин, Брисел или Париз. Потребата од ново поглавје во односите меѓу ЕУ и земјите кои што сега не се дел од доминантните европски интеграции, а во исто време ги делат последиците од заедничкаата европска мака за бегалците или еконосмките последици од финансиската криза, е голема и поради самата европска Унија. Сребреница, Милошевиќ, Косово, иако не се вина на европската унија туку пред се на српските националисти и нивните балкански колеги, сепак сеуште сведочат за тоа какви црни сценарија можат да се случат ако ЕУ стои по страна и чека на чекори од страна на САД. И сега 20 години по смртта на 8000 муслимани во Сребреница која што е симбол на грижата на совест поради недостаток на јасна автентична ЕУ стратегија за Балканот, Унијата мора да преземе нешто пред да биде предоцна. Без Балканот нема „Pax europeana“ За прв пат во историјата на македонската независнот Европската унија е главен играч во решавање на една криза поврзана со Македонија. Од распадот на Југославија, преку Косовската војна и бегалската криза, од конфликтот во 2001 се до надминувањњето на кризата по „црниот понеделник“ Европската Унија секогаш беше тука некаде но никогаш не го водеше „орото“ туку секогаш го следеше САД или на пример Агенциите на обединетите нации кои што за време на бегалската криза во 1999 година беа главните фактори за надминување на кризата што од Косово се прелеа во Македонија. Иако најголем парите за помош ги обезбеди токму ЕУ и нејзините членки. Сега сме сведоци сме на јасен случај во кој Европската Унија е вистински лидер во решавање на една криза на Балканот односно самата да го контролира целиот процес од преговори со до решение. За прв пат досега, барем од она што ние го знаеме, ЕУ ја заврши задачата без видлив притисок од „булдожер дипломатијата“ на САД. Сега освен споредната улога на американскиот амбасадор во Скопје работата о почеток до крај ја истера Европската комисија и другите институции на ЕУ како претставниците на Европскиот парламент кои што го започнаа процесот кој што го финишираше еврокомесарот Јоханес Хан и евроамбасадорот Аиво Орав. Новиот пристап на ЕУ која со големи напори и упорност ја прекина кризата во земјава и обезбеди услови за мирна разрешница за нас е најдобро да се базира на нова стратегија на ЕУ. Доколку последните активности на ЕУ во Македонија се само инерција и еднократен чекор кој што не е дел од јасна стратегија кон западниот Балкан тогаш тој не може да донесе долгорочна стабилност ниту во Македонија ниту во регионот. Колку чувството на задволство е големо ако навистина се работи за нова стратегија на ЕУ за Балканот за Македонија толку чувството на разочараност ќе биде готово ако сепак се работи само за инцидент а не за конкретен план и детерминираност. Разочараноста ќе биде најголема доколку наскоро откриеме дека ЕУ беше главен фактор во надминувае на македонската криза од немај каде , само затоа што американскиот амбасадор во Скопје пристигна со лош имиџ во погрешно време. Реално имаме простор за оптимизам дека Џес Бејли и неговата земја беа второстепена фигура во македонсакта криза само затоа што ЕУ конечно реши самата да ги решава своите проблеми на своја територија а не затоа што Бејли сам се прогласи за „Personna non grata“ откако во Конгресот на САД без никаква потреба Македонците ги нарече Словени. Главната последица на корисната улога на ЕУ завршувањето на политичката криза која што се закануваше да ја дестабилизира Македонија не е во тоа што лидерите се договорија да има избори или што практично е формирана вештачка коалициона влада а опозицијата влезе во министерствата. Главната последица е враќањето на надежта кај македонските граѓани дека Македонија нема да остане надвор од европските текови. По големите разочарувања во врска до евроинтеграциите (да не заборавиме дека и во НАТО најголемито дел од членките се членки на ЕУ), вратено е чувството за припадност на најголемиот мировен проект во историјата.

ЕУ има одговорност но и право да ги води процесите Европската унија има историска одговорност но и историско право да биде водечка фигура на Балканот. Многу повеќе од САД, Русија и Турција како најзаинтересирани за овој дел од Европа каде што сеуште не се завшрени сите важни политички процеси на национален, соседски или меѓународен план. ЕУ е таа што мора да застане зад регионот со цел свој капацитет. Ниту американските 1 милијарди долари инвестирани од независноста во реформи само во Македонија, ниту историската и верската блискост на Србија со Русија ниту блиските пријателски врсkи на Санџак и Сараево со Анкара не смеат да го загрозат взаемното чувство за припадност меѓу Балканот и ЕУ. Се друго е неприродно. Дополнително Европската Унија во Македонија на пример има инвестирано далеку повеќе енергија и пари од било кој друг и заради тоа има повеќе право и обврска да ги води процесите во регионот без разлика дали се кризни или за напредок. Во услови кога сите земји во регионот своите законодавства ги градат по европски а не по американски или руски терк ќе биде крајно неприродно доколку ЕУ не ја научи лекцијата и повторно се откаже од блиски односи со земјите од регионот. Македонија и покрај тоа што во некоку наврати (Лисабонската конференција во 1991 година кога Еу донесе одлука земјата да не го користи терминот Македонија, прифаќањето на грчките позиции за непочнување преговори за членство иако сите критериуми беа исполнети), предизвика огромна разочараност кај Македонците таа сепак останува централната точка кон која тие се стремат, економски , културно и цивилизациски. Ниту САД ниту Русија не ни се толку блиску според менталитетот и културните вредности како што се тоа земјите од Европската унија и покрај тоа што ние почесто ги заборавме овие вредности а дел од нив се срамат да го признаат тоа. Токму затоа Западниот Балкан не смее да остане незавршена европска приказна во која секој може да го крои крајот како што тоа го прават холивудските студија согласно желбата на гледачите. Во таа проценка за потребата од европско влијание на Балканот мора да бидат вклучени и анализите за тоа дали Европа може да биде целосно стабилна долгорочно дококу нејзиниот југоисточен дел е нестабилен и под влијание на неевропски или неевропски демократски системи и центри на моќ. Хаосот од балканските војни кои завршија во Дејтон е најдобрата лекција од која што треба да учат Брисел и Стразбур. Како и да анализирате без стабилен Балкан нема стабилна Европа. Бегалската криза која што сега тргнува од Сирија и Ирак утре може да има епицентар во Скопје, Митровица или Бања Лука и тогаш никакви ѕидови и закони нема да може да ја спаси Европа од стотици илјади бегалци од регионот. Покрај искрената желба за еднаквост, братство и солидарност како суштина на европската идеја во Брисел мора да размислат и за практичните последици од досегашниот краткоглед однос кон регионот. Мултилевел проширување Постојат премногу примери кои што покажуваат зошто ЕУ не смее да го остави Балканот сам да ги решава работите и зошто мора да го менува својот досегашен однос кон проширувањето. „Европската иницијатива за Стабилност“ предлага нов систем за презентирање на напредокот на земјите кандидати за членство. За жал ЕСИ која игра извонредно важна улога а и самата е градена врз база на европските стеротипи и предрасуди кон Балканот не оди чекор понатаму. И наместо нов начин на презентација да предложи нов начини на пристапување. Една од тие идеи е Мултилевел проширувањето. Точно е дека ЕУ има конкретни процедури за прием на нови членки согласно критериуммите од Копенгаген и тоа мора да се почитува. Исто како што е точно дека истите критериуми не ја предвиделе прецизно можноста една земја членка да блокира друг земја кандидат. Исто како што е точно дека и Европа и односите меѓу кандидатите и членките се менуваат со огромна брзина. А најточно е дека ЕУ не смее да функционира како Католичката или Православната црквка кои што заглавени во своите догми тонат се пониско. На најголемиот и најуспешниот мирољубив интегративен проект во историјата на човештвото не му доликува во случајот со Балканот поради страв од домашната јавност да ги предаде своите основни принципи. И на Балканските земји но и на ЕУ во сложената ситауција најмногу им одговара лидерите на унијата да бидат храбри и како што во 2004 година беа интегрирани 10 земји од источниот блок сега истото да го направи со преостанатите земји на Балканот кои што не се дел од неа. Дипломатските симултанки и политички ризици не се карактеристика на ЕУ админстрацијата но во овој случај една сиумултанка може да го затвори прашањето за стабилноста на југоистичното крило на европската цивилизација. Авторот на овие редови не се согласува со заканите од типот ако не влземе во ЕУ на Европа може да и се случи криза која што ќе ја плаќа ЕУ но во конечната проценка дали да се биде храбар и да се изигра уште една симултанка мора да се имаат предвид можните кризи во регионот. Референдум за отцепување во Република Српска, латентната криза во Босна и Херцеговина, турбуленциите на Косово па дури и ранливата Хрватска каде во пораст е популарноста на радикалната десница се состојби кои што можат да се победат со директна интегративна акција без разлика каква ќе биде таа. Што значи Мултилевел проширување Мултилевел проширувањето значи дека земјите кои што во еден дел од своето пристапување доколку се на доволно високо ниво, можат да функционираат како составен дел од ЕУ а таму каде што нема доволно реформи и прилагоденост со европските стандарди нивните институции да немаат целосен пристап до европските процеси. Се разбира дека оваа идеја е сложена и за неа ќе нема согалсност но ако добро се анализира ќе се види дека има доволно потенцијал за нејзино спроведување. Факт е дека и сега во извесна смисла во одредени области таа се спроведува но не како систем туку како резултат на лични иницијативи или пријателски односи меѓу кандидатите и лидерите на одредени институции. Со мултилевел проширувањето ќе се даде дополнителен импулс на процесот на проширување без разлика што до 2020 нема да има нови членки а притоа ќе се избегнат нови ветоа како грчкото за Македонија. Да не заборавиме што може да се случи еден ден кога сите земји од регионот се подготвени за влез во ЕУ а дотогаш нема решение за споровите и непријателствата меѓу Хрватска и Србија, Србија и Албанија, Македонија и Албанија, Црна Гора и Косово и Босна и Херцеговина со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top