Властите во Лос Анџелес ја продолжуваат борбата против пушењето. Иницијативата насловена „Животот без пушење“ предвидува станарите во станбени комплекси, каде живеат над 100 лица, да запрат со пушењето во ходниците и на паркинзите. Ним им е забрането да пушат и на сопствените тераси и во своите автомобили.
Според вчерашното соопштение, сите кои изнајмуваат стан во зграда треба да потпишат дека се согласуваат со новите забрани. Оние кои нема да се согласат, ќе мора да се исселат, додека пак оние кои ќе се согласат, а сепак ќе го прекршат договорот, ќе платат казна од 125 долари.
Еден станар на комплексот „Ла Бреа“ изјави дека измените само го радуваат.
– Одамна се навикнавме никој да не пуши на јавни места – во ресторани, кина и аеродроми, што значи дека е логично да се забрани и пушењето по тераси и паркинзи, каде може да се почуствува ладот, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.