Светот се уште се соочува со трагедијата со која во петокот вечер се случи во Париз, а една жена која го преживеала нападот истакнала дека „никогаш не мислите дека тоа на вас може да ви случи“.
Приказните на преживеаните служат како потсетник на страшното насилство кое доаѓа со тероризмот. Исобел Бовдери, била на концертот во салата Батаклан каде 89 луѓе беа убиени, споделила многу моќен пост на Фејсбук за ужансото искуство кое го преживеала. Текстот има повеќе од милион и петстотини лакови, како и 400 илјади шерови.
Таа во постот опишува како лежела вкочанета додека напаѓачите шетале со оружје во рацете, како и за трагичниот момент кога помислила дека момчето кое го сака е мртво.
Таа исто така зборува и за пораките на љубов, благодарност и благодарност, И се заблагодарува на полицијата која ги извлекла надвор Парижаните кои и помогнале, но ги спомнува и тие кои загинале а концертот,
-Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр. Десетина луѓе беа убиени пред мои очи. Базен од крв ја полнеше салата и плачот на мажи кои во рацете ги држат телата на нивните девојки. Иднина која е одземена, семејства кои се скршени во неколку секунди. Во шок сум, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час…Го задржував здивот, се обидував да не направам ниту едно движење со телото, да не заплачам, се со цел да не им дадам на тие мажи да го видат стравот кој толку очајно сакаат да го видат. Имав среќа да преживеам. За жал многумина ја немаа таа среќа – напишала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож