Хакан Билгин кој на македонската публика и ги освои срцата со улогата на Махо во хит серијата „Малиот Ага“ во Труција се смета за еден од најпознати и најбогати актери. Тој е познат по низа успешни филмски улоги, мали и големи улоги во телевизиски серии, а е дел и од сериозни проекти за популаризацијата на театарот за деца.
Хакан за себе вели дека иако е познат по улоги на лоши момчиња во филмските проекти каде не ретко добива тешки и сериозни улоги, сепак најмногу ужива во работа со младите таленти и сака да игра комични ликови каков што е Махо од серијата „Малиот Ага“.
Во приватниот живот еден од најдобрите пријатели на Хакан му актерот кој во оваа серија ја толкува улогата на дедото на Мехмед Џан и шефот на Мехо, големиот Ага за кој вели дека му бил пример и како актер и како човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.