| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓу жртвите во Париз голем број се странци

напад
Голем број странски државјани се убиени во нападите во петокот вечерта во Париз, во кои според досегашниот биланс загинаа 129 лица , 352 се повредени од кои 99 се наоѓаат во критична состојба.Меѓу загинатите се:

– Најмалку двајца белгиски државјани, според Министерството за надворешни работи на Белгија.

– Дваесет и девет годишниот Шпанец, Алберто Гонзалес Гаридо, според шпанските власти. Младиот Шпанец беше меѓу присутните, заедно со неговата сестра, на концертот во Батаклан.

– Еден 63-годишен Португалец кој живеел во Париз, а работел во транспорт на патници, според португалските власти. Тој загинал додека бил во близина на стадионот Стад де Франс во северниот дел на Париз.

– Двајца романски државјани, според Министерството за надворешни работи во Букурешт.

– Еден британски државјанин, соопшти Министерството за надворешни работи, а исто така, имало и повредени Британци, чиј број не е наведен.

– Две млади Тунишанки, сестри, кои живееле во Париз и едно лице од Сенегал чии родители се населиле во Крозот, а во Париз славел роденден, според неколку извори.

– Една Чилеанка е меѓу жртвите. „Тоа е внуката на нашиот амбасадор Рикардо Нунез“, изјави чилеанскиот сенаторот Изабел Аленде од Социјалистичката партија.

– Двајца Алжирци, жена на 40-годишна возраст и 29-годишно момче, се убиени во нападите според агенцијата АПС која се повикува на алжирски дипломатски извори.

– Една американска 20-годишна студентка од Државниот универзитет во Лонг Бич, Калифорнија. Ноеми Гонзалес допатувала во Париз како дел од универзитетската размена, тврди универзитетот.

Неколку Американци се меѓу повредените, точниот број не е одреден. – Ние им понудивме секаква можна конзуларна помош, изјави портпарол на американската дипломатија.

– Понатаму двајца Бразилци се повредени, според бразилската претседателка Дилма Русеф, од кои еден останува на болничко лекување.

– Еден Швеѓанец можеби е убиен, а друг повреден, според портпарол на шведската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top