| четврток, 6 декември 2018 |

Папа Франциск: Ова е дел од Трета светска војна

Папата Франциск терористичките напади во Париз ги нарече „дел од Трета светска војна“ и ова не е првпат тој да користи вакви формулации.

Папата објасни дека ова не е војна на која сме навикнале, каде има јасно поделени учесници во борбата – држава против држава.

– Ова е дел од трета светска војна. Ова нема никакво верско и човечко оправдување, порача поглаварот на Римокатоличката црква, изразувајќи го своето лично мислење.

Тој истакна дека е многу тажен и не го разбира ваквиот „нечовечки чин“.

Папата Франциско нагласи дека се моли за жртвите, нивните семејства и целиот француски народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top