Додека најголем број европски земји и членки на НАТО и ЕУ ја зголемубваат борбената готовност на своите безбедносни институции, македонската полиција втор ден е целосно парализирана.
И покрај тоа што новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера делумно ја повлече својата првична наредба, сепак коннфузијата за тоа што полициските оперативци можат да прават на своја рака, а за што мораат да чекаат амин од мнистерот остана.
Во голем дел од подрачните единици на министерството началниците и оперативците денеска и вчера расправаат што може, а што не може да се работи без дозвола од министерот. Запрени се најголем дел од операциите на полицијата во најсложените задачи како трговија со оружје, дрога, мигранти и други, а во коннфузија се и оперативците и командирите во службата за државна безбедност, која што согласно новата наредба на министерот мора да ги прекине своите акции. Збунети се и правниците во МВР кои што на своите колеги не можат да им дадат правно толкување што може да се прави на своја рака без да се чека на министерот, кој што ни теоретски не може да даде дозвола или да ги забрани сите акции на полицијата. Блокирана е и работата на полициските портпароли кои што за да дадат информација и за најобични информации мораат да добијат дозвола од Спасовски.
Во ваква ситуација полициските оперативци молат бога на Македонија да не и се случи ни приближна ситуација како во Париз, затоа што земјата поради својот министер за внатрешни работи е целосно неподготвена за соочување со било каква закана.
Дел од нив стравуваат и заради искуството од 90-тите, кога намерно се предизвикуваа насилства од секаков вид заради политички цели.
Сега СДСМ со креирање криза го запоседна и блокираше МВР. Партиска цел е да се избегнат изборите, а поучени од досегашните искуства, пак со криза да ја дофатат власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница