| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС најавува нови терористички напади: Под закана се Рим, Лондон и Вашингтон

Исламската држава преку социјалните мрежи најавила нови напади во други европски и американски градови. Преку хаштагот на арапски јазик #باريس_تشتعل што во превод значи „Париз гори“ нејзините членови најавиле напади во најмалку три други светски центри. Главни цели на ИСИС според овој хаштаг се Рим, Лондон и Вашингтон а меѓу другите цели се споменуваат и Берлин, Њујорк и Брисел. Засега нема потврда дека наведените градови се во директна опасност но во сите европски и американски градови нивото на тревога е подигнато на максимално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top