| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар со „Прометеј“ на сцената на Театар Комедија

НУ Турски Театар в понеделник (16.11) ќе ја изведе претставата „Прометеј“ од Есхил, во режија на Дејан Пројковски. Претставата ќе биде изведена во 20 часот на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.

-Оваа претстава мислам дека единствено можеше да се роди само во Турскиот театар каде што една група луѓе дишат и сонуваат театар. Прометеј е претстава каде што јас собрав актерска екипа и соработници со кои сакавме заедно да експериментираме и да се втурнеме во непознатото. Станува збор за една достарадикална, експериментална форма која ја создававме на пробите и која ни носеше голема возбуда на сите.Претставата носејќи ја главната тема на Прометеј кој го подарува огнот  на луѓето,некако се движи по една специфична своја патека. Тој оган во нашата претстава често станува и ОГНОТ со кој сред бел ден ликовите го бараат човечкото во себе,се бараат самите себеси, го бараат човекот. Тој оган всушностстанува еден вид нивна совест,нивни очи,поглед,нивно срце и тело…Претставата постојано се занимава со реконструкција и деконструкција на светот на Прометеј, но и на сите внатрешни теми и дилеми. Заедно со екипата создадовме еден сопствен измислен антички тип на театар кој тргнува од основните принципи на античката драма.Нашиот Прометеј е лабораторија за антички театар. Во таа лабораторија ќевидите шокантна актерска игра која често ја тестира до крајни граници актерската и човечката издржливост  и ја покажува посветеноста на театарот, вели режисерот Дејан Пројковски.

                                                

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top