| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска на „Синедејс“ – настап на Тери Френсис и филмови за сечиј вкус

Денешната програмата на фестивалот на европски филм „Синедејс“ содржи различни филмови, а во рамките на музичката програма гостува еден од најславите британски андерграунд диџеи, Тери Френсис, инаку миленик на скопската публика.

ПЕТОК 13.12.15

Кино Милениум

20:00

„ОД ДАЛЕКУ“

Режија: Лоренцо Вигас

Венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, со филмот „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на овогодинешниот филмскиот фестивал во Венеција. „Од далеку“ е сторија за богатиот средовечен човек Армандо кој со своите пари намамува млади мажи во неговиот дом. Не сака да ги допира туку сака само да ги гледа од далеку. Првата средба на Армандо со уличниот силеџија Елдер е насилна, но тоа не претставува пречка за одушевеноста на осамениот човек од грубиот, убав тинејџер. Парите се причината што Елдер редовно го посетува и се појавува неочекувана интимност. Но минатото на Армандо постојано ги следи и Елдер се решава да го изврши крајниот чин на љубов.

22:00 ч.

„ДАЛЕКУ ОД БЕЗУМНАТА ТОЛПА“

Режија: Томас Винтерберг

Филмот на Томас Винтерберг е адаптација на романтичната класика на Томас Харди, романот од 1874 година, „Далеку од безумната толпа“, кој ни ја раскажува приказната за Батшиба Евердин, којашто наследува една фарма во Ведербери.

Минувајќи време на фармата, независната и своеглава Батшиба успева да го привлече вниманието на еден обичен овчар, еден привлечен и непромислен наредник и еден успешен и зрел ерген. Оваа безвременска приказна за изборите и страстите на Батшиба ја истражува природата на врските и љубовта, како и човечката способност да ги надмине искушенијата со истрајност и непоколебливост.

Кино Фросина

12:00

„САМО БАКНЕЖ“

Режија: Кен Лоах

Овој британски филм е дел од ревијата посветена на миграции и се случува во јужниот дел на Глазгов. На сите страни „летаат искри“ кога еден млад човек со пакистанско потекло започнува врска со бела жена.

19:00

„ХЕРБЕРТ“

Режија: Томас Штрубер

Овој гермаски филм е во официјалната селекција и зборува за шампион во бокс на Источна Германија, кој нема победа во животот уште од падот на Берлинскиот ѕид. Херберт, денес е вратар и рекетар и се обидува да го оживее минатото, тренирајќи го неговиот млад штитеник Еди. По еден тренинг, Херберт ненадејно паѓа грчејќи се во болки. Сепак, на почетокот решава да ги игнорира знаците. Но кога физичките проблеми стануваат сѐ поочигледни, Херберт конечно оди на преглед кај специјалист, кој му дијагностицира неизлечива нервна болест. Му преостанува малку време и Херберт се бори со себе и со грубиот карактер што го развил низ годините.

21:00

„ЗАГРЕБ КАПУЧИНО“

Режија: Вања Свиличиќ

Филмот кој е во трка за награда во конкуренцијата СинеБалкан е суптилна приказна за две жени, најдобри пријателки кои во своите 40-ти години трагаат по среќа. Вниманието им е свртено кон нивните емотивни состојби бидејќи Петра се разведува во Загреб, а Кика доаѓа од Келн за да ја утеши. Кика, светска девојка што обожава забава, ја учи неодамна разведената Петра како да продолжи понатаму со животот без сопругот и семејството. Преку неколку шолји кафе и вечерно излегување дознаваме за нивните стравови и маки, нивната осаменост и нивната несигурност. Улогите ги толкуваат Мила Елеговиќ и Нела Косцис.

22:30 ч.

„ЖЕД“

Режија: Светла Цоцоркова

Бугарски филм во конкуренција на СинеБалкан е приказна за едно семејство кое живее на на еден рид, на крајот од селото и заработуваат перејќи хотелски чаршафи. Водоводот не е стабилен и честопати воопшто немаат вода. Во селото доаѓаат двајца „дупчачи“, татко и ќерка, коишто треба да го решат проблемот со водата. Хармоничниот свет на семејството се распаѓа. Секој со секого се сака и се мрази. Жедта за љубов е толку голема што само смртта може да ја згасне.

Џебно кино

18:00

„ПОСЕБНА ПАТЕКА“

Режија:Мостафа Киаеи

Филмот е дел од ревијата ирански филмови и е приказна за група хакери кои ја празнат банкарската сметка на еден многу моќен човек и со какви последици мора да се соочат. Иран годинава е една од земјите во фокусот.

20:00ч.

„ПАНОНСКИ ПРЕДИЗВИК“

Овој хрватски филм е во рамките на кратките музички документарци и е документирана приказна за првите 15 години на одличниот натпревар во екстремни спортови – Pannonian Challenge во Осиек. Филмот хронолошки прикажува детали од една од најуспешните манифестации од овој тип на Балканот. Во фокусот се подготовките за 15-тото издание на фестивалот и одблизу ги прикажува луѓето што со својот ентузијазам ја имаат истуркано целата работа. Проследено со големи количества адреналин, музика и добри вибрации.

22:00 ч.

„СЕСТРИ“

Режија: Сумитра Баве, Сунил Суктанкар

Овој филм е дел од ревијата на индиски филмови и интересна приказна за животот на две сестри кои потекнуваат од многу сиромашно семејство. Индија е една од земјите во фокусот годинава.

Придружна програма

тери френсис

22:30 | МКЦ

Тери Френсис и Мирко Попов & Andreas Hz

Во рамките на музичката програма на овогодишниот Синедејс гостува еден од најславните британски андерграунд DJ-и, во исто време и миленик на скопската клубска публика, Терис Френсис.ПМГ Рекордингс и BTKRSH се локалните тимови што ја промовираат оваа вечер, а Мирко Попов и Andreas Hz ќе ја загреат атмосферата пред настапот на Тери Френсис.

Билетите по цена од 150 денари се во продажба на билетарницата на МКЦ, а по полноќ на 13.11., цената на билетите ќе биде 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top