Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, целосно ја парализираше работата на Министерството со телеграмата што вчера ја испрати, а преку која им ги одзема овластувањата на сите вработени во полицијата.
Со одлуката, со која Спасовски одзема ингеренции и за обични одлуки и веднаш ги приграби и овластувањата за набавки, спротивно на Законот за Влада усогласен во клубот на пратениците, се случи хаос во МВР.
Ваквата одлука на Спасовски е незаконска и многу штетна, велат извори од министерството.
Според нив, таа може да биде сфатена и како повик од некои криминално-терористички структури бидејќи го става безбедносниот систем во ранлива позиција. За ситуацијата да биде уште полоша, говори податокот дека полицијата не може да приведе ниту едно осомничено лице без одобрение на министерот. Тоа значи дека дури и на управните служби им се повлечени овластувањата. Практично се доведува во прашање целокупното функционирање на МВР.
Кадри кои со години работат во Министерството за внатрешни работи велат дека вакво нешто никогаш не се случило во полицијата. Според нив, со ова се покажува дека Спасовски воопшто нема познавања во областа на безбедноста и полициското работење што може да нанесе огромна штета на граѓаните на Македонија.
Со ваквиот чекор Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба.
Вработените, коментираат извори од МВР, се збунети од самоволието и ароганцијата на техничкиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре