Спиев со Клои на почетокот на оваа година по две луди забави, а Кајли ја однесов во постела уште во 2014 година во Хамптон.
На проблемите во семејството Кардашијан им нема крај бидејќи Скот Диски , поранешниот сопруг на Кортни Кардашијан, признал дека спиел со нејзините две сестри Клои и Кајли.
Нови шокантни детали од животот на најпознатото светско „реалити“ семејство протекоа неодамна во јавноста кога Дисик му се доверил на близок пријател за тоа што правел со сестрите Кардашијан. Тој овој скандал го предизвика само неколку дена откако излезе од клиника за лекување на зависности, на која поминал месец дена. Скот морал да побара помош од експертите бидејќи поради неумерено користење на алкохол и дрига мус е распаднал бракот со Кортни, која му родила три деца.
-Мајката на моите деца ја изневерував со нејзините сестри. Спиев со Клои на почетокот на годината по две луди забави, а Кајли ја однесов во постела уште во 2014 година во Хамптон- е изјавата на Скот која ја пренесоа американските медиуми.
Семејството Кардашијан одбило да ги коментира овие наводи.
Скот и Кортни биле во вонбрачна заедница со години, а нивната врска често запаѓала во криза. Пријателите на Кардашијан тврдат дека новата изјава на Дисик е само привлекување на внимание и негова желба да се смири со Кортни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.