Новиот филм на режисерот Алехандро Г. Ињариту „Повратник“ стигнува на репертоарот на домашните кина на 21 јануари в година. Исклучително амбициозниот проект во кој главната улога ја толкува Леонардо ди Каприо, е снимен во зафрлените предели на Канада и Аргентина. Ињариту го снимал филмот само преку ден користејќи го природното дневно светло.
Во текот на снимањето на „Повратник“ кружеа гласини дека биле пробиени сите буџети, дека многу се доцни со снимањето од безбедносни причини, воедно и поради лошите временски услови и незадоволните членови на екипата на филмот.
Во фокусот на филмот е траперот Хју Глас кого го игра Леонардо Дикаприо. Откако го нападнала мечка, неговата дружина ловци го остава да умре сам во дивината. Воден од нагонот за преживување се заколнува дека ќе им се одмазди на луѓето што го оставиле (вклучувајќи го и Том Фицџералд кого го игра Том Харди).
Ињариту и директорот на фотографија Емануел Лубезки инсистирале во текот на снимањето да се користи само природно светло. Снимале во екстремни услови во попладневните часови, вообичаено меѓу 17:30 и 19:30 часот. Не користеле ни лампи со керозин бидејќи не биле измислено во времето кога се одвива дејството на филмот – на почетокот на XIX век.
Иако „Повратник“ се базира на романот на Мајкл Панк, Ињариту додал и свои детали поврзани со приказната. Покрај Ди Каприо во филмот глумат Доналд Глисон и Вил Поултер.
Оскаровецот Ињариту зад себе има познати остварувања „Кучешки живот“, „Вавилон“ и „Брдмен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст