| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Мејс боса на сцената на „Скопски“ (ФОТО)

sara

Уште еден уникатен настап на Сара Мејс на „Скопски фестивал“. Вечерва со „Градина од цреши“, нејзиното комплетно авторско дело, таа на сцената во Метрополис арена настапи боса.

Не од ексцентричност, туку затоа што покрај тоа што пееше, таа свиреше и на харфа.

sara 2

Вечерва 18 изведувачи се борат за вредните награди на „Скопски фестивал 2015“.

Фестивалот има натпреварувачки карактер каде првопласираната песна ќе добие 600.000 денари, втората 450.000 денари, а третата 300.000 денари.

За победниците на фестивалот ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.

Како специјални гостинки на фестивалот најавени со поп-пејачките Елена Ристеска и Тамара Тодеска, а водител на манифестацијата е актерот Васил Зафирчев.

Наградата за животно дело ќе му биде доделена на легендарниот композитор и изведувач Славе Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top