| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката ДЕИ ќе прекине со снабдување со струја на повеќе од 700 илјади должници

струја
Националната компанија на Грција задолжена за снабдување со електирчна енергија (ДЕИ) упати закани дека ќе ја запре испораката за над 700 илјади должници  следната година.Во изминатите 15 дена е прекинато напојувањето со електрична енергија за 15 илјади претплатници, јавуваат грчки медиуми.

Само во последните осум месеци има значителен пораст на кражби на струја. Имено во тој период се регистрирани 5.500 кражби.

Од ДЕИ за „Етнос“ изјавија дека догодина ќе прекинат со напојувањето за 700.000 должници.

Од компанијата најавуваат продолжување со „ловењето“ лоши клиенти бидејќи неплатените сметки се 2,1 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top