Во СЦ „Борис Трајковски“ на 13 ноември, денот на ослободување на Скопје, ќе се одржи меѓународен турнир во хокеј на мраз „Скопје ајс фестивал“. На турнирот освен Металург, кој всушност е македонската репрезентација во хокеј и минатогодишен освојувач на Балканската хокеј лига и турнирот во СЦ Борис Трајковски, ќе учествуваат и силни и атрактивни тимови од Грција, Бугарија, БИХ, Србија и Словенија.
Освен хокеарскиот турнир, во СЦ „Борис Трајковски“ традиционално ќе биде одржан и интернационалниот Ватерполо турнир кој ќе трае од петок до недела, 45-от боксерски меѓународен турнир „Златен Гонг“ (сабота и недела). На 14 ноември во арената „Борис Трајковски“ ќе има концерт Ѓорѓе Балашевиќ.
– Горди сме што можеме да кажеме дека веќе традиционално за време на 13-ти ноември организираме неколку спортски големи настани во СЦ Борис Трајковски. „Скопје ајс фестивал“ станува еден од посилните турнири во хокеј кога станува збор за нашиот регион. Од петок до недела граѓаните на Скопје, но и целата Македонија ќе имаат шанса да уживаат во силните хокеарски натпревари и притоа да бидат сведоци на вистинска машка борба која што ќе се одвива на мразот. Ни доаѓаат силни екипи од Грција, Србија, Бугарија, БИХ и Словенија, а тука секако е и минатогодишниот шампион, нашиот Металуг. Во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ од петок до недела ќе се одржи интернационален ватерполо турнир на кој ќе настапат два клуба од Бугарија, еден од Србија и македонскиот „Бета“ од Скопје. Спортскиот викенд ќе биде заокружен со традиционалниот 45. интернационален боксерски турнир „Златен Гонг“ кој ќе се одржи на 14. и 15. ноември – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.
Освен Металург, на хокеј турнирот ќе учестуваат грчки Ираклис Солун, кој е поранешен првак на Грција во хокеј и за него играат неколку грчки репрезентативци, Вукови Сараево од БИХ кој всушност е босанската репрезентација во хокеј, српскиот Спартак Суботица, ланскиот финалист и повеќекратен првак на поранешна Југославија во хокеј, Блед Славија и Блејски Витези се познати и едни од најдобрите екипи во Словенија како и бугарските Славија Софија кој е повеќекратен првак на Бугарија во хокеј и Ред Стар Софија.
– Нашата цел е секоја година да имаме што посилни екипи и поатрактивен меѓународен турнир со кој ќе го одележиме празникот на нашиот главен град. Ова е навистина силен турнир во кој се собрани познати и реномирани балкански хокеарски екипи- изјави Никола Тасев, Претседател на хокеарската федерација на Македонија.
Распоред на натпреварите:
Петок 13.11.2015
СПАРТАК – БЛЕЈСКИ ВИТЕЗИ 18:00 часот
РЕД СТАР – СЛАВИЈА 19:00
МЕТАЛУРГ – БЛЕД 20:00
СЛАВИА – БЛЕЈСКИ ВИТЕЗИ 21:00
ВУКОВИ – СЛАВИЈА 22:00
Сабота 14.11.2015
БЛЕД – ИРАКЛИС 9:00
РЕД СТАР – ВУКОВИ 10:00
СПАРТАК – СЛАВИА 11:00
ИРАКЛИС – МЕТАЛУРГ 12:00
за 5-8 место 1 18:00
Полуфинале 1 19:00
Полуфинале 2 20:00
за 5-8 место 2 21:00
НЕДЕЛА 15.11.2015
за 7. место 8:00
за 5. место 9:00
за 3. место 10:00
ФИНАЛЕ за 1. место 11:00 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.