| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел задоволен од изборот на преодната Влада

– Знаете многу добро дека бевме повеќе од јасни во инсистирањето за имплементирањето на политичкиот договор што беше олеснуван од страна на комесарот Хан преку летото. Сите чекори во оваа насока се нешто што е потребно во насока на остварување на договореното – порача гласноговорничката на Еврокомисијата.

Во Брисел се посебно задоволни што е комплетирана клучната и претпоследна точка од договорот од Пржино, по што останува уште договорената оставка на претседателот на македонската Влада на 100 дена пред одржувањето на изборите на 24 април 2016 година и целосно да се заокружи политичкиот договор што стави крај на политичката криза во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top