Кинеската компанија „Алибаба“ вчера за време на 24-часовната акција оствари вкупно 710 милиони наплати на стока, а речиси 86.000 продажби во секунда, што е досега незабележан успех во продажбата преку интернет.
Најголемата светска компанија за трговија преку интернет вчера по повод Денот на самците во Кина организира фестивал на продажба со намалени цени и оствари вкупна продажба во вредност од 14,3 милијарди долари.
Годинешниот промет на интернет-страницата „Алибаба“ е за 60 отсто поголем во однос на продажбата остварена истиот ден минатата година.
Најпродавана стока биле мобилни телефони, часовници, телевизори, млеко, мед и слатки.
Сопственикот на компанијата Џек Ма изрази надеж дека Денот на самците, кој традиционално се прославува во Кина на 11 ноември, ќе добие глобален карактер и најави дека вчерашната продажба ќе конкурира за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.