Општина Гевгелија посебно внимание посветува за подобрување на условите за престој на најмладите гевгеличани во детските градинки на територијата на целата општина. Така, минатата година беше заменет покривот на детската градинка Сончогледи и беше ставена термоизолациона фасада на централната детска градинка Детска радост, информираат од општината.
Вчера со почетокот на изведбените работи за менувањето на покривната конструкција на централната градинка, започна зафатот на менување на покривите на детските градинки во Гевгелија, Негорци и Миравци, кровови кои се менуваат за прв пат од 1975 година, кога биле изградени овие детски градинки.
Се работи за зафат вреден 3,8 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет со кој ќе биде заменета стара покривна конструкција со површина од 3.000 квадратни метри. Изведувач на работите е фирмата Атриум од Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка