Игор Џамбазов во едно интервју за „Република“ рече дека ако се врати на сцена, тоа ќе биде по вина на Тони Михајловски. Веќе во следното интервју приказната се промени – По Нова година јас и Весна ќе направиме нешто што никој не го очекува, Тони сега е презафатен.
На крај во целата приказна се појави и Тони Михајловски.
– Кој не би сакал да работи со актери како Игор и Весна – вели Михајловски во интервју за новиот број на неделникот „Република“.
Вели работел и со двајцата и знае со кого има работа.
– Тоа што јас го имав замислено како проект со Џамбазов останува. Тој по долго време се враќа на сцената, тоа е вредно за спомнување, предизвик е и за публиката и за него. Знам по себе, кога човекот ќе направи голема пауза од сцената, собира ново искуство и сака да го испука од себе, премногу акумулира. Верувам дека тоа му се случува и на Игор. Тоа ќе биде некој нов Игор, сигурно низ годините неговите погледи за актерството се променети. Ние актерите сме како вино кое старее, само да не е отворено, да не скисне – вели Михајловски.
За Петрушевска Михајловски вели дека нема што уште да се кажува, бидејќи влегува во оние актерки што оставиле голем багаж зад себе.
Целото интервју со Весна Петрушевска и Тони Михајловски за „Република“ ќе може да го прочитате уште утре, кога во продажба ќе биде пуштен новиот 167. број на неделникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.