| четврток, 6 декември 2018 |

Во редовите на терористите на Блискиот исток војуваат околу 6.000 Европејци

Во борбите на Блискиот исток, вклучително и во редовите на меѓународната терористичка организација Исламска држава, војуваат околу 6.000 Европејци, денеска соопшти Филип Боја, лидер на генералната дирекција на организацијата „Права на човекот и владеењето на законот“ од структурите на Советот на Европа, информира ТАСС.

dzihadistiterorirsti-650x3962

Филип Боја денеска зборуваше во Сочи на вчера почнатата регионална конференција на Меѓународната асоцијација на обвинители на земјите од Централна и Источна Европа и Централна Азија.

Во редовите на терористичките организации има „над 25.000 борци од странство, кои потекнуваат од над 100 различни држави. Од овие 25.0000 странски учесници 6.000 се Европејци“, посочи тој.

Заради странските учесници „вооружените конфликти стануваат поинтензивни и подолготрајни. Освен тоа, некои од нив може сериозно да им се заканат на нивните татковини откако ќе се вратат дома – или преку терористички атентати или со радикализирање на други луѓе“, констатира Боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top